Германската логистичка групација DHL во средата објави значително пониски приходи и профит во 2023 година, што укажува на слабата глобална трговија и нормализација на пазарот по бумот на е-трговија во пандемијата ковид-19.
Приходите на групацијата DHL лани се намалени за 13,4 отсто, на 81,76 милијарди евра. Оперативната добивка пред камати и даноци (EBIT) падна за 24,8 отсто, на 6,34 милијарди евра, по остриот пад во сегментот на е-трговија. Консолидираната нето добивка паднала за 31,4 отсто, на 3,68 милијарди евра.
„Во 2023 година беше обележана со слаба светска економија и, пред сè, слабата светска трговија“, рече извршниот директор Тобијас Мејер во изјавата, потсетувајќи дека групата забележала најдобри резултати во 2022 година откако е основана благодарение на бумот на е-трговијата.
Групацијата не очекува екстензивно економско закрепнување ниту во првата половина на 2024 година. На некои пазари обемот на трговска размена може дополнително да се намали, забележуваат тие.
„И во 2024 година ќе се соочиме со големи фактори на неизвесност, како што се флуктуациите на побарувачката и геополитичките кризи“, рече Мејер.
Во такви услови групацијата очекува оперативна добивка во опсег од шест до 6,6 милијарди евра годинава.