Германскиот претседател Штајнмаер го распушти Бундестагот

Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер го распушти Бундестагот. Со својата одлука го отвори патот кон предвремени избори во земјата, кои ќе се случат на 23. февруари в година.

„Во тешки времиња како овие, стабилноста бара функционална влада и сигурни мнозинство во парламентот. Затоа убеден сум дека се неопходни нови избори за доброто на нашата земја“, рече тој.

На 16 декември Бундестагот изгласа недоверба на Владата на канцеларот Олаф Шолц после три години владеење.

Владејачката коалиција се распадна откако Шолц го отпушти министерот за финансии.