Германскиот судија на мечот Србија – Швајцарија го игнорирал предупредувањето од ВАР лабораторијата

Одлуката на германскиот судија Брих  да не досуди казнен удар во полза на срспката селекција по мешаницата во шеснаесетникот на Швајцарија која го доби натпреварот со 2:1 (0:1), на не минала незабележано ниту во ВАР лабораторијата, од каде наа својот официјален Twitter профил дадоа изненадивачко објаснување.

„ВАР автоматски ја премота снимката од спорната ситуација, односно борбата, во текот на натпреварот меѓу Србија и Швајцарија. ‘Тивката проверка’ е завршена и сугерирано му е на судијата Брих официјално да ја прегледа снимката. Само главниот судија може да побара официјален преглед за да ја потврди својата одлука. А во оваа прилика беше задоволен со својата одлука на теренот“, стои во соопштението на ВАР.

Катастрофалното судење не минало незабележано, а најмногу полемики предизвикал деталот од 66 минута, кога на Александар Митровиќ му беше досуден фаул во напад, додека го држела двајца швајцарски репрезентативци.

VAR Official@VAROfficial1

VAR automatically checked the tussle during the match. A silent check was completed & an OFR review was recommended to referee Dr Felix Brych.

Only the referee can initiate a review & on this occasion he was happy with his on field decision.

 

Големиот број  одлуки, реагираат спортските медиуми и експерти, биле сомнителни. Ситуацијата која може посебно да се издвои, од морето грешки на Германецот, е таа која се случила кон средината на вториот дел од играта. Имено, од десната страна на теренот центрирал Тадиќ, Митровиќ бил најблиску до топката, но бил спречен да шутне поради боречкиот зафат на двајцата швајцарски стопери. Тоа што било најкомично е тоа што Брих, сигнализирал фаул во напад.

Ова била само една во низата ситуации кои можеле директно да влијаат на понатамошниот тек на натпреварот.