Германските компании размислуваат за селење во странство

Германскиот енергетски пакет во износ од 200 милијарди евра ќе обезбеди само ограничено олеснување за бизнисите и малку е веројатно дека ќе ги одврати компаниите кои веќе бараат начини а се преселат на поевтините производствени локации во странство, пишува во понеделникот Reuters.

Германската влада во септември предложи пакет олеснување, вклучително и лимит за цените на гасот и пониските трошоци за да им помогне на домаќинствата и на малите и средни претпријатија со остриот скок на цените на енергијата.

„Предложениот пакет на енергетските олеснувања кои моментално се на дневен ред нема да промени ништо. Морам и натаму да трагаме по алтернативи“, изјавил извршниот директор на баварскиот производител на порцелан „Rosenthal“, Мадс Ридер.

Компанијата основана во Германија пред 143 години разгледува селење на делови од производството во странство за да ги намали трошоците, а Ридер вели дека планот а лимитот за цените на гасот сѐ уште е премногу нејасен за „Rosenthal“ да ги преиспита своите планови.

Високите трошоци за трудот и другите трошоци во Германија тераат многу компании да селата делови или целото работењето на поевтините локации во европските економии во формирање и во други делови на светот или барем ја разгледуваат таа можност.

Економскиот советник во германското Министерство за финансии, Ларс Фелд, вели дека енергетската криза и скокот на цените на гасот го забрзале тој процес.

„Индустриските компании кои размислуваат за селење ќе сакаат да проверат како функционира ограничување на цените на енергијата. Тоа е важно психолошко поттикнување. Но, нема да можеме да се вратиме на цените на енергијата какви што беа пред (украинската) војна“, вели Фелд.

Германската индустрија плаќа и до десет пати поголеми цени на енергијата отколку пред две години и дури петтина од инженерските компании предупредуваат дека би можело да преселат барем дел од своите активности во странство, покажа минатомесечното истражување на синдикатот IG Metall.

 

Деиндустрализација

Индустриските здруженија во почетокот изразија задоволство со предложениот пакет енергетски олеснувања, кои вклучуваат привремени лимит за цените на електричната енергија, насочен на субвенционирање на основната потрошувачка за граѓаните, малите и средните претпријатија, и некои компании беа оптимистични.

Текстилниот произведувач „Wuelfing“ порача дека ќе се откаже од планираното преместување на производството во Португалија или во Пакистан, доколку владата ги ограничи цените на енергијата на двојно поголемо ниво отколку во 2020 година.

„Ќе помогне, но сѐ уште не знаеме точно што можеме да очекуваме“, изјави извршниот директор на „Wuelfing“, Јоханес Дове.

Германското здружение за мали и средни претпријатија соопшти дека не гледа конкретни сигнали за засилени преселување на производството во странство, имајќи предвид дека кризата со цените на енергијата ги погоди сите европските земји.

„Сосема друга работа е кога зборуваме за плановите на проширување на производството, кои моментално се испитуваат“, изјави извршниот директор на DMB, Марк Тенбјег.

Во истражувањето на „Deutsche Bank“ се проценува дека поради растот на енергијата производството годинава во Германија, ќе се намали за 2,5 отсто и за 5 отсто во 2023 година.

„Кога за околу десет години ќе се обѕирнеме на денешната енергетска криза, можеби овој период ќе го означиме како почетна точка на забрзана деиндустријализација на Германија“, сметаат аналитичарите на „Deutsche Bank“.

Големите германски индустриски компании може да го преместат производството во странство, зависно од трошоците и купувачите, но кризата потешко ќе ги погоди малите и средните компании, оската на германската индустрија.

„За германските мали и средни претпријатија… прилагодувањето на енергетскиот свет ќе бидат голем предизвик кои некои нема да го надвладеат“, се додава во студијата.

Произведувачот на автомобилски делови „Boegra“ го намалил во септември производството поради високите цените на енергијата. Компанијата веќе префрлила дел од производството во Чешка и сега размислуваат за следниот чекор.

„Следната седмица патувам во Чешка за да ги испитам можностите за ширење на нашите активности“, изјави во петокот за Reuters извршниот директор на „Boegra“, Тобијас Линс.