Германските синдикати и работодавачи сакаат брза интеграција на бегалците од Украина

Здруженијата на германските работодавачи и германските синдикати повикаа во петокот заеднички да се олесни процесот на интеграција на бегалците од Украина на германскиот пазар на трудот.

И претходно се појавуваа оцени дека германскаото стопанство веројатно долгорочно ќе има голем позитивен ефект од украинската војна, бидејќи според процените на ОН доколку офанзивата на Русија потрае можно е и 10 милиони луѓе да ја напуштат Украина. Многумина од нив се високо и стручно образование, а поради блискоста и европското потекло се претпоставува дека нивниот масовен прилив во земјата нема да предизвика политички турбуленции како во текот на бегалската криза во 2015 година кога во Германија влегоа над милион луѓе, главно од Блискиот истој и северна Африка.

„Претпријатијата и работничките совети се подготвени да го преземат својот дел од одговорноста за што поскоро да ги преземат овие луѓе, да ги обучат или преквалификуваат и така да ги интегрираат на пазарот на трудот“, се истакнува во заедничкото соопштение на Германскиот сојуз на синдикатите (DGB) и Сојузот на германските работодавачи (BDA).

Претставниците на работниците и на работодавачите од сојузната влада во Берлин бараат брзи законски промени за да се избегнат бирократските пречки во интеграцијата на Украинците на германскиот пазар на трудот.

„Последните години собравме искуство во интеграцијата на бегалците на германскиот пазар на трудот. Во текот на тој процес увидовме дека интеграцијата мора да се одвива без правни и бирократски пречки. Затоа ја повикуваме сојузната влада да создаде законска рамка која би го олеснила овој процес“, се додава во соопштението.

Во истата објава „остро се осудува рускиот напад“ во Украина и се дава „изрична поддшка за санкциите“ против Русија.

„Со ова изразуваме почитување и поддршка за жителите на Украина, како и на оние граѓани на Русија кои ја критикуваат политиката на претседателот (Владимир) Путин“, стои во соопштението.