Германските социјалдемократи може да го загубат ‘црвениот бастион’ Бремен

Во најмалата германска сојузна покраина Бремен во недела се одржуваат локални избори на коишто Социјалдемократската партија на Германија (SPD), може да доживее пораз, и првпат по Втората светска војна таму да ја загуби власта.

Повеќето анкети пред изборите предвидуваат тесна победа на Христијанско-демократската унија (CDU), пред социјалдемократите, кои во некогашниот центар на германското бродоградежништво и важно пристаниште секогаш имаа водечка улога.

Губењето на власта во Бремен би бил само уште еден во низата порази на социјалдемократите кои од некогашната голема „народна“ партија на сојузно ниво паднаа на третото место според популарноста, зад Зелените. Според некои испитувања на јавното мнение, најстарата сега активна германска партија SPD основана во мај 1863 година во Лајпциг, на моменти се наоѓала дури и за десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD), основана пред само пет години, во април 2013 година во Берлин.

Евентуалниот пораз во неделата, тешко би ја потресол SPD и на сојузно ниво, што не би можело да биде проследено без кадровски промени во врвот на партијата којашто веќе подолг период се наоѓа во тешка криза. Дополнителниот удар за социјалдемократите би можело и да ја загрози големата демохристијанско-социјалдемократска коалиција предводена од канцеларката Ангела Меркел.

„Лошиот разултат на SPD во Бремен и на изборите за Европскиот парламент би можело да го забрза и крајот на канцеларката Меркел“, проценуваат политиколозите од тинк-тенк институтот Brooking.

Водството на партијата под претседателката Андреа Нахлес од самиот почеток на ткнаГроко (Голема коалиција) пред малку повеќе од една година, се наоѓа под жесток притисок од голем дел од партиската база кој бараше заминување во опозиција и реструктуирање на партијата по историски најлошите резултати на сојузните избори во септември 2017 година.

Во рамките на демохристијанската Унија CDU/CSU, пак, постојат стравувања дека доколку SPD претрпи пораз во Бремен, внатрепартискиот притисок врз челниците на социјалдемократите би бил преголем, што би предизвикало нивно истапување од коалициската влада, а со тоа и предвремени парламентарни избори.

Во Бремен досегашната социјалдемократско-зелена коалиција на власт би можела да биде заменета со коалицијата меѓу SPD, Зелените и партијата Левица. Тоа би било првпат Левица (Die Linke), која е оформена од реформираните источногермански комунисти во јуни 2007 година, да дојде на власт во некоја од западните сојузни покраини.

Главната битка за власта во покраината Бремен, во која освен градот Бремен припаѓа и градот-пристаниште Бремерхавен, се води меѓу главниот кандидат на SPD и актуелен градоначалник-премиер Карстен Зјелинг и кандидатот на CDU, Карстен Мејер- Хедер, бизнисмен и релативно нов во политиката во редовите на бременските демохристијаниспд