Германските тенкови за Украина би биле подготвени во 2024-та

Најголемиот германски производител на оружје „Rheinmetall“ би можел на Украина да ѝ испорача поправени тенкови од типот „Leopard 2“ најрано во 2024 година, изјави во неделата извршниот директот на компанијата, пренесува весникот Bild.

Поправката на тенковите кои се на залиха чини неколку стотици милиони евра, а компанијата не може да започне со поправката пред да ѝ биде потврдена нарачката, ,вели извршниот директор Армин Папергер за Билд.

„Возилата мора да бидат целосно расклопени и повторно изработени“, додал Папергер.

Германија ги измени правилата за неиспраќање оружје во зоните на воени конфликти, и по долгите притисоци станаа еден од најголемите снабдувачи на оружје на Украина по почетокот на руската инвазија.

Социјалдемократскиот канцелар Олаф Шолц рече дека Берлин ќе му даде на Киев 40 борбени возила „Marder“ и батерија на ракетниот систем „Patroit“, по повеќемесечното противење на украинските барања и покрај жестоката дискусија по таа тема во Германија. Таа одлука заедно ја објавија Берлин и Вашингтон пред повеќе од два месеца, откако Шолц разговараше со американскиот претседател Џо Бајден. Портпаролот на германскиот Министерски кабинет, Штефан Хебештрајт во петокот извести дека станува збор за испорака на 40 оклопни возила „Marder“. Меѓутоа, Шолц никогаш не ѝ вети на Украина тенкови „Leopard“, иако во неговата трипартиска владина коалиција Зелените притискаат во таа насока.

И покрај малото расположение во германската јавност, сепак, продолжуваат притисоците и критиките врз канцеларот Шолц и неговата владејачка Социјалдемократска партија на Германија дека се пребавни со испраќањето на оружјето и дека чекаат сојузниците први да дејствуваат наместо да ја преземе одговорноста на Германија како западна сила која е најблиска до Украина. Министерот за економија Роберт Хабек изјави на почетокот од јануари дека испораката на тешките тенкови „Lеopard“ не може да се „исклучи“

 

Германците против брбени тенкови на Украина

Дури 49 отсто од Германците сметаат дека е погрешна одлуката на владата во Берлин да ѝ ги испорача на Украина пешадиските борбени возила „Marder“, покажува минатата недела објавената во весникот Bild. Истовремено, одлуката ја поддржуваат 40 отсто од испитаниците. Според истото истражување, 38 отсто од Германците веруваат дека Германија треба да испорача тешки борбени тенкови на Украина, додека против се 50 отсто од испитаниците.

Два дена по почетокот на руската офанзива во Украина, германската влада составена од социлајдемократите, зелените и либералите ја напушти доглогодишната практика на неиспорачување оружје во зони на конлфикти, и под притисок на САД и обвинувања од Киев за предавање само на одбранбена опрема, Берлин испорача проввоздушни проектили, базуки, машинки и муниција.

Германија беше жестоко критикувана поради долгото одбивање да ѝ го испорача на Украина оружјето што го бараше, ограничувајќи се главно на хуманитарна помош и лична одбранбена опрема. Според Шолц, неговата земја сега е една од земјите кои најмногу ја помагаат Украина. Тоа се однесува и на испораките на оружје, меѓу кои се самоодните хаубици и противракетните тенкови „Gepard“, а канцеларот во интервјуто споменува и повеќецевни ракетни лансери и системи на противвоздушната одбрана „IRIS-T“.

Според заклучоците на Научниот одбор на Бундестагот во извештајот од март минатата 2022 година сојузната влада ви Берлин беше предупредена дека обуката на украински војници за ракувањето со западните вооружувања и тоа на територијата на Германија според меѓународното право може да се третира како учество во самата војна.

 

Министерката за одбрана се повлекува?!

Весникот Bild претходно во петокот, повикувајќи се на свои извори објави дека германската министерка за одбрана Кристина Ланбрехт решила да се повлече од позицијата. Во меѓувреме, од министерството одбиле да коментираат, оценувајќи ги таквите медиумски извештаи како шпекулации.

Во написот на Bild се појаснува дека одлуката за повлекување од водството на германската одбрана била по лична иницијатива на Ламбрехт. Според весникот сѐ уште не е познато кога би била објавена нејзината оставка, бидејќи во моментов се водат разговори за кандидатите за нејзин наследник.

Кристина Ламбрехт беше назначена за германски министер за одбрана на почетокот на декември 2021 година. Таа стана третата последователна жена на оваа позиција по Урсула фон дер Лајнен и Анегрет Крамп-Каренбауер. Доаѓа од партијата SPD на канцеларот Олаф Шол.

Последните месеци Ламбрехт континуирано беше изложена на жестоки критики, вклучително и од коалиционите партнери Зелените и Либералните демократи. Беше особено критикувана поради нејзиниот предлог за испораки во Украина на опрема за лична одбрана, како на пример заштитни шлемови и панцирни елеци. Скандал околу Ламбрехт изби откако се појавија фотографии со нејзиниот син во хеликоптер на Бундесверот (германската армија) во текот на службено патување на министерката.

Последниот бран критики врз министерката беше инициран од новогодишното видео, во коешто на заднината на празничниот огномет, Ламбрехт ја спомна ситуацијата во Украина, додавајќи во овој контекст дека таа самата добила „многу посебни впечатоци“ и имала „многу средби со интересни луѓе“.