Четвртфиналниот натпревар на Евробаскетот 2022 помеѓу Германија и Грција (20 часот и 45 минути) ќе даде одговор на прашањето дали и седмата репрезетнација на континенталниот собир ќе најде решение во одбранта за неверојатниот Јанис Адетокумпо.
„Грчкиот фрик“ доминира на турнирот, а и покрај тоа што Хрватска, Италија, Велика Британија, Украина, Естонија и Чешка се обидоа да го лимитраат двократниот освојувач на МВП наградата на НБА лигата не успеаја да слават против Грција. Овој пат најтешката задача ќе му припадне на Даниел Тајс.
„Прво нешто што мораме да направиме е да одиграме перфектно во дефанзивната трназиција. Второ е да најдеме начин да го запреме Јанис. А, тоа уште не знам како ќе го направиме. Се надевам дека до почетокот на натпреварот ќе најдеме начин. Трето е да излеземе и да дадеме се од себе. Играме против еден од најдобрите тимови на првенството и против еден од најдобрите играчи на светот. Нема да биде лесно, но имаме добра тимска хемија“, изјави селекторот на Германија, Гордон Херберт.
Нашиот јужен сосед е единствениот непоразен тим на првенството, а отежнувачки околности за Германија се повредите на клучните играчи. Франц Вагнер и Јоханес Фојтман вчера не тренираа со тимот, а неизвесен за настап до почетокот на мечот ќе биде и бекот Ник Вајлер-Баб.