Новинарот Бранко Героски по скандалот и навредите кои ги упати директорот на зоолошката градина Скопје до иселениците по повод Евровизија, сподели свој статус и уште една навреда која ја искажа Ѓорги Галетановски недамна за време на претседателската кампања.
Директорот на Зоолошка имал долга историја на неконтролирани испади. Еве еден пример за тоа. Колку и да бил успешен менаџер (како што велат некои), човеков е за метла под итно, стои во неговиот пост на Фејсбук.