![g_policija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/02/g_policija.jpg?resize=486%2C324&ssl=1)
Четириесет и шестгодишен гевгеличанец загина во сообраќајка несреќа која што се случила утрово околу два часот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајката се случила на патот Богданци- Дојран кај селото Трничани, кога 46-годишниот Митко Т. со неговиот џип „Гранд чироки“, излетал од патот. Тој загинал на самото место на несреќата.
Полицијата извршила увид за утврдување на причините за несреќата, а телото е предадено на обдукција.