Жител на Скопје во петокот вечерта со дрвена палка го нападнал своите роднини кои му биле дојдени на гости, при што биле тешко повредени а меѓу нив и бремена жена, инфомираат до СВР Скопје
Инцидентот го пријавил 38-годишниот Н.Ј. вчера, во чија пријава се наведува дека тој и неговата сопруга 33-годишната Т.Ј. биле физички нападнати од нивен роднина,31-годишниот Д.А., исто така, од Скопје.
Од 14 часот, пријавителот, неговата сопруга и двете малолетни деца биле на гости кај Д.А. Околу 21 часот, Д.А. со палка почнал да го удира Н.Ј. и неговата бремена сопруга.
Со возило на Итна медицинска помош, тие биле префрлени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им била укажана лекарска помош и им биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од МВР.