Позицијата на Европаката комисија е многу јасна, од самиот почеток ЕК е многу заинтересирана да види одржување на меѓувладината конференција со вашата земја, како и со Република Албанија, која, всушност, значи почнување преговори со Северна Македонија и Албанија, колку што е можно поскоро, изјави евроамбасадот Дејвид Гир на заедничка прес-конференција со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
– Од друга страна, процесот на проширување се заснова на заслуги, а мислам дека и двете земји имаат направено многу во контекст на тој процес. Меѓутоа, сега е време да се оди напред, да се прави напредок – рече Гир.
Димитров очекува ставот на Европската комисија да се слушне утре во Брисел од претседателката Урсула фон дер Лејен која се среќава со премиерот Зоран Заев.
– Очигледно е дека огромно мнозинство земји членки сакаат годинава што е можно побрзо да поченеме прговори и ние, и нашите соседи во Тирана. Моето разбирање е дека тоа е ставот и на ЕК, која впрочем тоа и го препорача во својот извештај и пакет за проширување од октомври минатата година. Тоа е нашата цел и на таа цел работиме заедно. Северна Македонија ги исполни сите услови и се што требаше да стори на линија на европските принципи. Почетокот на преговорите е апсолутно заслужена работа и поради три нешта – изгубеното време години и генерации, очигледниот прогрес во изминатите години и покажанаото лидерство во реашавње тешки прашања, мислам дека македонската приказна е тест дали на ЕУ можеме да и веруваме во однос на целиот Балкан – рече Димитров.
Во однос на спорот од Бугарија, евроамбасадарот Гир рече дека двете земји треба да се договорат да се дојде до заемно прифатливо решение.
– Европаката унија ги охрабрува и двете страни да дојде до заемно прифатливо решение. Што се однесува на прашањето на одвојување на Северна Македонија од Албанија, тоа бешпе покренато при посетата на комесарот Вархеји. Тој повторно рече дека Европската комија работи на тоа да се закаже меѓувладина конференција со двете земји – со Северна Македонија и Албанија. Меѓутоа, тој рече дека сѐ уште не сме дојдени до таму и до тој момент. Се разбира, одвојувањето е исто така прашање со кое треба да се занимава Европскиоот совет на ЕУ. И, се разбира, тука се и 27-те земји членки кои го адресираат тоа прашање – рече Гир.
Димитров, пак, рече дека новите избори и техничка влада во Бугарија се реален политички контекст кој е предизвик и дека е јасно, како што рече, дека „ниту ние, ниту ЕУ во регионот, нашите соседи и оние што се членки во Унијата, имаме луксуз да чекаме повеќе“.
– Многу време помина, мислам дека има голем проблем со европската перспектива во многу земји. Има и други избори – кај нас има локални во есен, во Бугарија има претседателски во ноември. Но, без разлика на предизвиците, мора да се видиме и сосем да ја свртиме динамиката. Тоа ќе биде добро за нас. Ќе биде добро со Софија да се вратиме на колосекот на партнество и пријателство и тоа, исто така, ќе биде многу добро за Европската Унија. Во последниве години малку светли точки имаме на Балканот. Од Северна Македонија доаѓа надеж и токму затоа, одлуките што ќе се прекршат околу нас ќе имаат рефлексија врз целиот регион на Западен Балкан. Наше е да најдеме начин, согласно европските принципи, да излеземе, на некој начин, од овој многу штетен ќор-сокак годинава – рече Димитров.