Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ тврди дека и понатаму е реален планот за вработување на 40.000 лица во наредните три години, како што претходно ветуваше.
„Планот во текот на четиригодишниот период да бидат вработени 40.000 лица е многу реален и Владата не се откажува од него“, рекол Ѓукановиќ.
Премиерот навел дека од изборите во октомври 2012 година, се вработени повеќе од 17.000 лица. Ѓукановиќ рекол дека работа има и дека ќе има уште повеќе со текот на зголемувањето на инвестицискиот интензитет. Според него кон крајот на февруари започнува изградбата на автопатот од Бар до границата со Србија, а во наредниот период ќе следи и реализацијата на новите развојни проекти во туризмот и другите предвидени области.