Ѓул најави промена на политиката кон Сирија

Турскиот претседател Абдула Ѓул синоќа најави промени на политиката на Турција во однос на Сирија , пренесе „АФП“.

За време на состанокот со турските амбасадори во Анкара, Ѓул истакнал дека гледа позитивно на ревидирањето на турската дипломатска политика и политиката во сферата на безбедноста, во согласност со ситуацијата во јужниот дел на Турција , што се граничи со сириската територија.

Претседателот додал дека властите проценуваат што може да се направи, за да бидат задоволни сите страни.

Неодамна западните сојузници на Турција ја обвинија Анкара дека ги поддржува радикалните исламистички групи, што се борат против сирискиот режим.