Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Бошко Ѓуровски, за познатиот спортски сајт “Екипа” изјави дека остварил телефонски контакт со поранешниот капитен на националниот тим, Горан Пандев и за време на разговорот била договорена средба во Македонија.
„Пандев одговори на мојот телефонски повик, се слушнавме и се договоривме да имаме средба во Македонија во наредниот период. Тој ќе дојде на одмор поради паузата во Калчото. Се уште сум на истиот став, дека Горан Пандев е идол на младите луѓе во нашата земја, тие го обожуваат и мислам дека треба да игра во националниот тим барем уште еден квалификациски циклус. Ќе разговараме, сакам да го слушнам и личниот став на Пандев, и всушност, се ќе зависи од него“, изјави за „Екипа“, Бошко Ѓуровски.