Меѓу членовите на работната група за Уставни измени и член на Обединети за Македонија има и симпатизер на претседателот на Русија, Владимир Путин.
Јагода Митревска е новиот член на работната група за уставни измени која ја формираше премиерот Ковачевски.
Таа се пофали дека учествувала во изборните кампањи на Русија, но се гледа и дека е член на Обединети за Македонија и симпатизер на Путин.
Инаку, Митревска има завршено докторски студии на Тамбовскиот државен универзитет, “Гаврило Романович Державин” Тамбов, Руска Федерација, Катедра за Меѓународни односи 2008, како и Постдипломски студии – Институт за Меѓународни односи “Тарас Шефченко”, Киев, Украина, одбрана на државен испит во 2007 и Високо образование на Национален универзитет “Тарас Шефченко” Институтот за Меѓународни односи, Киев, Украина 2004.
Таа била на листата на кандидати на пратеници на партијата Обединети за Македонија (ОМ) во 2014 година.