Канаѓанецот Пител Мекети за себе може да каже дека доживеал нешто невозможно – го удри гром, па доби на лото.
– Искрено, повеќе очекував уште еднаш да ме погоди гром, рече тој откако минатата недела дозна дека добил милион долари на лото. Добивката ќе ја подели со Дајан Милер која е вработена во продавницата на Мекети, затоа што тие заедно повеќе од една година уплатуваат ливчиња на лото.
Питер Мекети го удрил гром кога имал 14 години, додека се обидувал да го врзе чамецот со кој пловел, а исто непријатно искуство имала и ќерката на Питер пред неколку години.
За да ова не биде крај на среќните настани за Питер Мекети, неверојатниот човек кој го удри гром па доби на лото, се погрижи Атлантската лотарија која ќе му исплати дополнителни 10.000 долари, како сопственик на продавницата каде што е платено добитното ливче. Чини три долари.
Повеќе на оваа тема прочитајте на следниов ЛИНК.