Педесет и осумгодишен штипјанец со скутер удрил свој сограѓанин, а потоа и физички го нападнал, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Педесет и деветгодишниот С.Н. во штипската полиција пријавил дека бил удрен од скутер со кој управувал неговиот сограѓанин Д.Ј., по што тој паднал на земјата, а возачот на скутерот физички го нападнал, удирајќи го со клоци во пределот на телото.
На повредениот Н.С. му е укажана лекарска помош во штипската болница, каде му е констатирана тешка телесна повреда.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.