Македонски државјанин е осуден на 12 години затвор оти го задавил својот петгодишен син, во јануари годинава во Купрамонтана, во провинцијата Анкона, Италија, јавуваат тамошните медиуми.
Судот во скратена постапка донел пресуда против Бесарт Имери (26) кој го усмртил својот син со голи раце, зошто, како што рекол, некоја натприродна сила го натерала да го убие детето.
Обвинителството побаала казна од 14 години и 8 месеци затвор, но Судот ззел во предвид олеснителни околности бидејќи Имери не бил при себе кога го сторил злосторството.
На првото сослушување Имери зборувал за натприродна сила која го поттикнала да го убие својот син.
На 4 јануари Имери им рекол дома дека оди да купи цигари и го зел синот со себе. Двајцата заминале и седнале во автомобилот, а детето го задавил на задност седиште додека возилото било паркирано пред куќата. Во домот останала неговата 24 годишна сопруга, која била бремена.
Екипата на Итната помош половина час се обидувала да го ренимира детето, но залудно.
Одбраната ангажирала психијатар, кој утврдил дека Имери е болен од еден вид психоза, па ќе треба дополнително да се утврди во колкав процент убиецот може да разбере што направил.