Францускиот кошаркар Руди Гобер објави во неделата дека го продолжил договорот со Јута Џез на уште пет години за вкупно 205 милиони долари, што е трет најголем договор во историјата на НБА лигата, а најголем за неговито клуб.
Претходниот договор на 28-годишниот Гобер, кој беше потпишан во 2017 година истекуваше во 2021 година, а со него кошаркарот за четири години доби 102 милиони долари. Со новиот договор истовремено станува и најплатениот француски спортист во историјата.
Како што забележува мрежата ESPN, само Јанис Адетонкумпо и Расел Вестрбук имаат повисоки договори. Грчкиот центар за 228 милиони долари потпиша петгодишен договор со Милвоки Бакс, а Вестбрук за 206,8 милиони долари, исто така, на пет години потпиша за Оклахома Сити Тандерс.
„Ова е посебен ден за мене и за моето семејство (…) Овде сум за да останам, тука сум за да победувам“, објави на Twitter францускиот центар.
Гобер во Јута е од 2013 година, а за најдобар дефанзивец во НБА лигата беше прогласуван во 2018 и 2019 година. Оваа сезона беше особено турбулентна за него откако првпат во кариерата беше избран во „Ол стар“ екипа, но стана и првиот играч во најсилната кошаркарска лига во светот кој беше заразени со новиот коронавирус.