Репрезентативецот на Македонија, Гоце Георгиевски можно е кариерата да ја продолжи во клуб од Македонија.
Георгиевски има понуди од Вардар и Металург и ако се реши да остане во Македонија ќе избере една од овие две понуди.
ЧСМ Букурешт има финасиски проблеми, Георгиевски има договор уште една година со клубот од Романија, но станува извесно дека кариерата ќе продолжи во Вардар или Металург.
Георгиевски разговарал со претставниците на Вардар и Металург, понудите се на маса, репрезентативецот веројатно ќе го избере Вардар.