Ѓоковиќ по трети пат го освои УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по трети пат во кариерата го освои УС Опен откако со 3:0 го победи Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро со 6:3, 7:6 (4) и 6:1 по исцрпувачка борба на стадионот Артур Еш во Њујорк. По три часа и осумнаесет минути Србинот ја освои својата 14. Гренд слем титула.

Мечот почна изедначено, двајцата тенисери без проблем ги освојуваа своите сервиси, иако се чинеше дека Дел Потро полесно ги добива гемовите. Првиот сет беше решен во осмиот гем, кога Србинот, иако губеше со 40:0 успеа да направи серија од пет поени и да направи брејк за водство од 5:3, па рутинирано го доби сетот.

Во вториот сет Аргентинецот го освои првиот гем по три изеднаќувања, а Ѓоковиќ лесно го доби својот сервис. Србинот потоа направи брејк, а го доби и четвртиот гем за водство од 3:1. Малку фалеше Србинот да се избори за уште еден гем на сервис на Аргентинецот, но не успеа па Дел Потро намали на 3:2.
По долгиот и напорен гем и Делпо направи брејк за изеднаќување, а потоа исо сигурен сервис поведе со 4:3. маше и пауза за Делпас, изедначување и мали проблеми за нашиот најдобар тенисер, а потоа и комплетен пресврт од 4: 3. Наредниот гем, кој траеше 20 минути и во кој имаше седум изедначувања му припадна на Србинот. До крајот на сетот двајцата тенисери не ги пропуштија своите сервиси, па победникот се решаваше во тај-брекот. По мала драма и два пресврти Србинот покажа деке пак е психички силен и го освои вториот сет, кој траеше 90 минути.

Во третиот сет реприза од претходниот.Ѓоковиќ поведе со 3:1 и кога се чинеше дека брзо ќе го реши мечот го изгуби својот сервис во петиот гем, па Аргентинецот во наредниот гем изедначи. Уморот почна да ги зафаќа двата тенисери, а со тоа падна концентрацијата, особено кај Дел Потро. Тој го изгуби седмиот гем, а во следниот не успеа да го добие својот сервис, па Ѓоковиќ поведе со 5:3  и рутински го заврши мечот.