Бранителите на титулата во НБА лигата, кошаркарите на Голден Стејт Вориорс ноќта кон средата во Окленд во првиот натпревар од финалето на Западната конференција со 116:94 ги совладаа Портланд Трејл Блејзер со поведоа со 1-0 во серијата до четири победи.
Стефен Кари и Клеј Томпсон доминираа на паркетот со вкупно 12 „тројки“ и 62 коша. Кари мечот го заврши со 36 поени, од што девет „тројки“, а Томпсон со 26 коша, односни три погодока од зад линијата за три поена. Кај Портланд, пак, најдобар беше Демиен Лилард со 19 коша, а Си Џеј Калам додаде 17 поени.
Вориорс од почетокот беа во водство, а на почетокот од втората третина ја искористија серијата од 13:5 да ја зголемат предноста на девет поени од крајот на првата четвртина на 67:50.
Портланд, меѓутоа, не се предаваше, Родни Худ и Сет Кари постигнаа секој по „тројка“ во серијата од 11:4 со која заврши третата четвртина и ги приближи Трејл Блејзерс на заостанување од 71:77. Вориорс во последната делница имаа предност од 79:73 пред Кук да погоди две „тројки“ осигурувајќи на седум и пол минути пред крајот водство од 14 поени што беше недостижно за тимот од Портланд. Вориорс ги надиграа Портланд во поените постигнати од ударите за три поена со 51:21.
Вториот натпревар се игра во четврток, исто така, во Окленд.
Дуелот меѓу Голден Стејт и Портланд влезе во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, бидејќи првпат двајцата браќа – Стефен Кари и неговиот помлад брат Сет Кари се соочија еден наспроти друг во оваа фаза од сезоната.