Актерката Голди Хоун во 1983 година беше во врска со актерот Курт Расел кој што го запознала уште кога имала 21 година, но тој имал 16 и сметала дека е премлад за неа.
Голди се прослави со улогата во комичната серија „Rowan and Martin’s Laugh In“ која што траеше од 1967 до 1973-та година.
Таа претставуваше секс-симбол на своето време, а никогаш не зборуваше за пластичната хирургија, ниту пак ја поддржуваше. Освен со својот изглед таа привлекува и внимание со своето име кое што го добила по својата тетка, а повеќето го доживуваат како надимак.
Но, првата љубов на Голди била музиката. Имено Хоун пеела кантри музика и во 1972 година го објавила својот прв албум „Goldie“, а во него имала помош и од пејачката Доли Партон. Но, на крајот сепак ја избрала глумата.
Актерката покрај талент за пеење и глумење поседува и талент за танц. Голди посетувала часови по балет уште како мало девојче на 3 години.
Инаку, Хоун е мајка на познатата актерка Кејт Хадсон која што ја доби со својот поранешен сопруг, Бил Хадсон.
Таа од првиот брак го има и синот Оливер кој што исто така се занимава со актерство, но не успеал да се прослави како својата помлада сестра. Инаку, Хоун од 1983 година е во врска со Курт Расел, а се заљубиле откако заедно снимале филм. Парот го има синот Вјат Расел кој што исто така се занимава со глума.