Голем астероид минува крај Земјата во недела

Се очекува дека астероидот наречен 2023 JK во недела ќе пролета крај Земјата, промашувајќи ја нашата планета за само малку повеќе од 1,6 милиони километри.

Според американската вселенска агенција NASA, 2023 JK е со големина приближна на комерцијален патнички авион.

Во недела, исто така ќе мине и астероидот JD4, кој е голем приближно колку и 2023 JK, а ќе ја промаши земјата за речиси двојно поголема оддалеченост.

Во NASA предвидуваат напорен викенд во Вселената, недалеку од Земјата ќе минат уште три астероида: Блу Марбл со големина на автобус, 2023 JL2 со големина на автобус и HG11 со дијаметар од само седум метри, коишто на Земјата ќе ѝ се приближат на околу 4,5 милиони километри.

Минувањето на JK 2023 потенцијално е многу опасен во споредба со другите летачки карпи, но човештвото сепак не би требало да ги менува своите планови за викендот. За споредба, Месечината се наоѓа на оддалеченост од 380.000 километри од Земјата, а во ретки моменти кога астероидите ќе удрат во нашата планета, обично не се случува нешто особено, смируваат од NASA.

„Околу еднаш годишно, астероид со големина на автомобил удира во атмосферата на Земјата, создавајќи импресивна огнена топка и согорувајќи пред да стаса до површината“, објави NASA.

Меѓутоа, пред околу 65 милиони години, астероид со големина на планина ги уништил диносаурусите и повеќето од остатокот на животот на Земјата.