Поради големиот пожар кој опустоши неколку стотини хектари вегетација, во вторникот ноќта започна евакуација на три кампа на фтранцускиот медитерански брег западно од Марсеј.
Туритите од трите кампа во округот Мартиг се замолени да се соберат на плажите поради ширењето на огнот, објави марсејската полиција.
Репортерката на агенцијата AFP од местото на настанот пренесува дека столбови од црн чад и пламени го опкружиле патот, а огнот го гаснат канадери.
Пожарот избувнал среде шумата и вече до 20 часот вечерта во вторникот опустошил 500 хектари вегетација, соопшти противпожарната служба.
Повеќе од илјада пожарникари и седум канадери се справуваат со пожарот.
Во периодот меѓу 2015 и 2019 година секоја година просечно по 9.300 хектари шума се уништени во пожари во крајбрежните обласи на францускиот Медиреран.