![ohrid-pozar (1)](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/02/ohrid-pozar-1.jpg?resize=696%2C443&ssl=1)
Пожар избувна во месноста Дебело поле во близина на охридската населба „Радојца Новичиќ“, северно од градот. Во пламен е трска и нискостеблести растенија.
На терен е интервенирано со четири возила и десет пожарникари од Територијалната противпожарна единица – Охрид. Пожарот е локализиран, противпожарните екипи дејствуваат по рабовите на пламенот за да се спречи негово ширење кон објекти во близината.
Според проценките, опожарена е површина од околу три илјади метри кадратни.
Причините за пожарот засега не се познати, но според пожарникарите најверојатно се работи за човечки фактор.