Истанбул и Анкара синоќа беа преплавени од луѓе во спонтаните протести по големата девалвација на турската лира.
Демонстрантите извикуваа слогани против владата и владејачката Партијата на правдата и развојот (АКП), барајќи од владата да поднесе оставка, а владејачката партија на претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се повлече од власта.
Полицијата ги растера толпите во двата града.
Турската валута вчера постави нов црн рекорд во својата вредност, кога од 11,37 падна на 13,21 лири за долар.
Како што изјави турскиот финансиски аналитичар Арда Тунџа, вака големиот пад во еден ден на турската национална валута е најголем во последните две децении.
За потсетување, од јануари годинава турската валута загуби 70 отсто од својата вредност.
Турската Централна банка минатата недела ја намали каматната стапка, како мерка за стабилизација на валутата и инфлацијата, од 16 на 15 проценти.