Голема концентрација на „Вијагра“ во канализацијата на Сеул

Високи концентрации на препаратот „Вијагра“ и други лекови кои се користат за лекување на еректилната дисфункција се откриени во отпадните води на јужнокорејската престолнина Сеул, а се очекува дека нивната присутност во урбаните области ќе се зголеми, објавија јужнокорејските научници.

Присутноста на хемикалиите кои се користат во споменатите лекови, инхибитори на фосфодиестеразата-5 (PDE-5i) била голема во текот на викендот како и во постројките за прочистување на отпадните води во Гангнам, каде што се наоѓаат ноќни клубови, барови и локали со проститутки, покажува новото истражување.

„Проценивме дека количеството на потрошувачка на PDE-5i е за 31 отсто поголема отколку во областите со помалку ноќен живот“, пишуваат научниците во студијата објавена во списанието Scientific Reports.

Стручњаците ја пручувале присутноста на хемикалиите во дотокот и отпадните води на две постројки за прочистување на отпадни води во главниот град на Јужна Кореја, како и во водите што се слеваат. Нивното истражување покажало дека постојните постројки за прочистување на отпадните води „не можеле да ги прифатат“ количествата на овие хемикалии.

„Одвај во отпадните води од домовите ги пререботувале PDE-5i и на крајот ги испуштале. Имајќи го предвид сѐ поголемиот пазар, може да се очекува дека сѐ повеќе PDE-5i ќе се испуштаат во урабните области“, се наведува во студијата.

Околу 23 отсто од јужнокорејските мажи на возраст меѓу 30 и 39 години патат од еректилна дисфункција, покажуваат медицинските истражувања, а вкупната продажба на PDE-5i препарати на првите 20 корејски фарамцевтски компании достигнала 133 милиони американски долари според податоците за 2019 година.

Поради нивната ефикасност и подобрувањето на сексуалните предиспозиции на мажите, хемикалијата често илегално се користи во многу земји како состојка на медицинските тоници, како додаток во исхраната и растителните диететски производи. Неодамнешно истражување откри PDE-5i и нивни аналози во 80 од 188 продукти и додатоци во исхраната кои се продаваат во Јужна Кореја.

Околу 322 милиони пациенти во светот ќе патат од еректилна дисфункција во 2025 година, а се предвидува дека преваленцијата на нарушувањето во Азија ќе скокне од 87 милиони во 1995 година на 200 милиони мажи во 2025 година, поради стареењето на тамошното население.