Голема предност на Нова демократија во однос на СИРИЗА пред грчките избори

Меѓу 19 и 21 отсто се движи разликата меѓу Нова демократија и СИРЗА според двете нови истражувања на јавното мислење во Грција за телевизиите во пресрет на изборите в недела.

Истражувањата биле спроведени од агенциите „Alco“ и „Pulse“ за телефизиите Alpha и Skai, а покажуваат дека мнозинството граѓани (осум од десет, односно седум од десет анкетирани) ќе гласаат за истата партија за која што гласале и на минатите избори на 21 мај.

Согласно резултатите од анкетата на „Alco“ за Aplha, процената е дека Нова демократија би добила меѓу 39,8 и 43,8 отсто од гласовите, СИРИЗА меѓу 17,8 и 21,8 проценти, а ПАСОК меѓу 10,2 и 13,2 отсто.

Во однос на распоредот на пратеничките места, во зависност од тоа колку партии ќе обезбедат место во Парламентот, истражувањето на „Pulse“ за Skai покажува дека Нова демократија би добила меѓу 155 и 166 пратеници, што е повеќе од доволно за формирање еднопартиска влада.

Истражувањето на „Alco“ било спроведено од 16. до 21. јуни со анкетирани 1.403 лица, а на „Pulse“ од 18. до 20. јуни со учество на 1.016 граѓани со право на глас.

На изборите на 21. мај годинава Нова демократија освои 40,79 отсто од гласовите, СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти, ПАСОК освои 11,46 отсто, а во Парламентот место обезбедија пет партии кои го достигнаа неопходниот изборен праг од три отсто за влез.