Големи воени вежби во Венецуела по обидот за инвазија

Вооружените сили на Венецуела ќе ангажираат повеќе од 25.000 војници во новатата фаза од воените маневри, најавени по обидот за поморска инвазија врз земјата, соопшти во понеделникот командантот за стратешки операции на венецуелската армија, Ремихо Себаљос.

„Од исток кон запад повеќе од 25.000 припадници на военопоморски, воздушните и копнените сили, согласно внатрешните уредби, ќе бидат прекомадувани низ територијата на земјата, по должината на плажите, за да се гарантира слободата на секој сантиметар на нашата земја од наемниците и заканите по животите на Венецуелците“, изјави Себаљос.

Во говорот пренесува директно преку Twitter профилот на венецуелското министерство за одбрана, Себаљос додаде дека распоредувањето на силите започнало веќе во понеделникот.

Претходно во неделата министерот за внатрешни работи на Венецуела, Нестор Реворол, соопшти дека власите спречиле поморска инвазија на колумбиски милитанти во северната сојузна држава Ла Гваира. Според него, платениците се обиделе да се истоварат на венецуелското копно со глисери.

Претседателот на венецуелското Национално уставотворно собрание, Диосдадо Кабељо, подоцна преицизраше дека при одговорот на нападот биле убиени осум милитанти а двајца други биле заробени. Додаде дека еден од уапсените е агент на американската управа за борба со наркотиците (DIA).

Министерството за надворешни работи на Колумбија соопшти дека колумбиските власти ги отфрлаат обвинувањата од Венецуела за нивна вмешансота во наводниот обид за поморска инвазија.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро, кој изминатите две години ги обвинува Колумбија и САД дека планираат преврат во неговата земја како и атентат врз него, константните воени вежби во земјата како резултат на тензичните односи со Вашингтон и закана за можна американска воена интервенција во Венецуела, веднаш по неделниот инцидент објави нова фаза на маневрите.

Мадуро во понеделникот оцени дека „главната задача им беше да ги убијат претседателот“ на Венецуела. „Тоа беше терористички акт во разгорот на пандемијата“, рече Мадуро и оцеи дека наемниците добиле „поддршка и финасии од владата на САД и актуеланта власт во Колумбија“,