Големиот бугарски трн во живиот организам на македонскиот идентитет

Објава на „Македонски манифест“ до македонскиот народ за засилената негова бугаризација од страна на Софија и владата на Заев и Пендаровски, а по повод отворање на бугарскиот универзитет од Велико Трново „Св. Кирил и Методиј“ во Македонија.

„Македонци, еве уште еден пример на ваше предавство од страна на премиерот Заев, кој сега без срам се претставува како најголем патриот, и претседателот Пендаровски кој Гоце го прогласи, без да го праша него, за етнички Бугарин. Имено, без никого да консултираат и прашаат и без каква било дебата за тоа, на своја рака, тие дозволуваат отворање кај нас на бугарски универзитет со назив „Св. Кирил и Методиј“, поклопувачки со името на скопскиот универзитет. Разликата е во онаа Свети пред Солунските браќа, кон тие со редица брутални постапки, како она нивно прогласување за Бугари со државен декрет, до крај ги обесветија.
Македонски манифест остро протестира против ова најново предавство на Заев и Пендаровски. Зарем пак треба идентитетот на Кирил и Методиј и македонскиот исконски идентитет да го бранат Чешка, Словачка, Австрија и доблесниот хрватски претседател Милановиќ во име на прекрасниот и братски хрватски народ? А Заев и Пендаровски како безрбетници, без секакво национално достоинство да се веднат безусловно пред Брисел и Вашингтон понижувајќи ги до бескрај Македонија и Македонците. Македонци, кренете го гласот, не молчете. Вие сте во бездна, ама без дно и не се знае кога ќе заврши и каде вашиот пад. За вас е испланирана цивилизациската гробница во која треба да бидете упокоени како мртви безидентитетски суштества во Европа.
Отворањето на трновскиот великобугарски универзитет во Македонија е кукавичко јајце и нема да биде ништо друго освен гнездо на бугарските администратори на Заев, кои повторно го обновуваат фашизмот кон Македонците. Гнездо на бугарската шпиунажа и егзархиска пропаганда, чија историја ни е добро позната. Да. А кај е како реципрочен одговор на Трновскиот трн-универзитет македонскиот реципрочен одговор со ист таков универзитет, и на македонски јазик исклучиво, во „пријателската“ Бугарија? А? Почитувани (иако не го заслужувате од Македонците тоа) Заев и Пендаровски. Кој ви дозволил да располагате со Македонија и Македонците како со сопствена фирма, или полиња со марихуана? Одговорете му на македонскиот народ.
Па и емитувањето на бугарската национална телевизија кај нас, другари од политбирото Заев и Пендаровки, кој ви дозволил да го направите тоа, оти и тука реципроцитет не е запазен: македонската национална телевизија не се емитува во Бугарија. Плус бугарската кај нас, премиере и претседателе (кај ви е моралот и умот, националната чест и совест) се емитува без превод на македонски, што не е случај со српските ТВ-прилози. А отсуството на преводот на бугарската БНТ, по дефиниција во сегашната ситуација со „бугарските администратори“ на Заев значи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, како што всушност инсистира бугарската страна. Македонски манифест остро реагираше за тоа слепило на северниот премиер и претседател, но попусто.
Тоа сакаме да ви кажеме ние од Македонски манифест драги браќа и сестри, Македонци и Македонки. Тоа, оти јасно е дека „патриотот “ Заев и претседателот Пендаровски во удобната палата на Водно со крупни потези не бугаризираат. Имено, јасно е како ден, тие и така сакаат, грцизирани (Преспа 2018) и бугаризирани (Букурешт 1913 се повторува) да нѐ внесат како живи мртовци во Брисел на вавилонската ороспија, без име и идентитет, за подбив на сите. Македонци кренете глава. Не се предавајте!“.