![nevreme tivat](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/nevreme-tivat.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Големо невреме со силен југозападен ветер, дожд и град со големина на орев, утрово го погоди црногорскиот крајбрежен град Тиват и неговата околина.
Градот предизвикал голема материјална штета на автомобили, згради, овоштарници и маслинови градини, пишува весникот „Вијести“.
Големото количество дожд што падна за многу кратко време предизвика и мали поплави на патиштата во центарот на Тиват, но комуналните служби брзо интервенираа и ги отстранија последиците.
Екипи на комуналното претпријатие, Службата за заштита на Тиват и доброволни противпожарни бригади беа ангажирани во расчистување на теренот и отстранување на последиците од невремето.
Претставници на Општина Тиват ги посетија погодените подрачја со цел да извршат увид на штетите и да ги координираат активностите за отстранување на последиците од невремето.