Египетските археолози во близина на градот Луксор откриле повеќе од 20 древнисаркофази , добро сочувани и прекриени со слики. Саркофазите се сè уште со живописни бои и биле откриени во некрополата Асасиф, сместена на западниот брег на реката Нил. Тие биле распоредени во два реда, еден над друг.
Египетското Министерство за антиквитети ова откритие го нарече „едно од најголемите и најважните“ во последните години.
Повеќето гробници во некрополата Асасиф датираат од доцниот период (664 – 332 п.н.е.) од антички Египет.
Како и да е, има и ковчези од раната 18-та династија (1550 – 1229 п.н.е.), на кои исто така припаѓале познати фараони како Хатшепсут, Аменхотеп III и Тутанкамон.
Министерот за антиквитети минатата недела објави дека археолозите откриле античка „индустриска област“ во западната долина на Луксор во која се сместени „објекти за складирање и чистење на опрема за погреб, со многу наоди од керамика од времето на 18-династија “.
Министерството ќе објави повеќе детали за овој неверојатен наод на прес-конференција во сабота.