Патниците кои денеска требаше да дојдат од Скопје за Малта, но и од Малта за Скопје буквално се оставени да чекаат на аеродром до недогледно време.
На секој час тие добиваат информација дека летот е презакажан.
Последна информација е дека летот ќе се реализира во 00:50 вечерно време.
Тие се огласија на социјалните мрежи каде бараат да бидат заштитени од надлежните и откриваат дека поминуваат низ голгота.
„Бареме Влада на Република Северна Македонија веднаш преку надлежното министерство за Транспот и врски да реагира и да ги заштити правата на патниците.
Не е прв пат оваа нискобуџетна компанија да ги остави патниците да чекаат летови со часови и постојано да ги презакажува.
Срамно и жално е како се третираат македонските патници и за тоа никој не сноси одговорност“ – стои во објавата на Македонската заедница во Малта.