За жал, следната, 1/4 финална рунда од најмасовното клупско натпреварување, Лигата на Европа, остана само сон за италијанскиот калчолиган Наполи.
Реванш 1/8 финалниот дуел против португалскиот гигант Порто, одигран на “Сан Паоло”, заврши без победник, 2:2, а приот погодок на натпреварот беше дело на поранешниот репрезентативец на Македонија, Горан Пандев.
Избраниците на Рафа Бенитез дадоа се од себе, но не успеаа да ја анулираат минималната предност на гостинот од Португалија, кој пак одигра фантастично во последните 20 минути од натпреварот.
Минимален, но злато вреден триумф на гостувањето во Фиренца, забележа актуелниот шампион на Италија, тимот на Јувентус.
Најзаслужен за елиминацијата на големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Фиорентина е искусниот играч за врска, Андреа Пирло кој постигна вистински еврогол во 79 минута од натпреварот.
Денеска, со почеток во 13:00 часот, во Нион, ќе стартува ждрепката за 1/4 финалната рунда во Лигата на Европа.
Резултати: Анжи – АЗ Алкмар 0:0 (0:1 вкупно), Бенфика – Тотенхем 2:2 (5:3), Фиорентина – Јувентус 0:1 (1:2), Валенсија – Лудогорец 1:0 (4:0), Виторија П. – Лион 2:1 (3:5), Бетис – Севилја 0:2 (2:2 – 3:4 на пенали), Наполи – Порто 2:2 (2:3), Салцбург – Базел 1:2 (1:2).