Гонзалес, сепак, се подготвува за игра без Лазаров

Ситуацијата со долгогодишниот капитен на македонската ракометан селекција Кирил Лазаров сѐ уште е неизвесна и под знак прашање е неговиот можен настап против Чешка, па затоа селекторот Раул Гонзалес е принуден да ја подготвува селекцијата и за игра без и со капитенот.

Македонската машка ракометна репрезентација во понеделникот го заврши оследниот тренинг во пресрет на вториот дуел од главната фаза во Групата 2 на Европското првенство во Хрватска со селекцијата на Чешка.

Ситуацијата со капитенот Кирил Лазаров сѐ уште е неизвесна и под знак прашање е неговиот можен настап против Чешка, па затоа селекторот Раул Гонзалес е принуден да ја подготвува селекцијата и за игра без и со капитенот.

„Не треба да мислиме дека ни претстојат два меча. Треба да се фокусираме на Чешка, бидејќи мислам дека тие се нашето финале. Ситуацијата е добра. Ако победиме најверојатно ќе се бориме за петто место. Но ќе имаме шанси и за полуфинале. Не знаеме дали ќе може да игра Кире. Тој е под терапија и утре ќе биде познато каква е ситуацијата и тогаш ќе решиме што ќе правиме. Ќе треба да се обидеме да играме и без него, доколку не може да настапи. Екипата е навикната на играта со Кире, но ќе мора да пробаат и без него“, рече селекторот Гонзалес пред завршната подготовка за Чешка.

Натпреварот меѓу Македонија и Чешка се игра во вторниот вечер од 20,30 часот.