Компанијата сопственик на најголемиот светски интернет пребарувач Google соопшти дека потпишал низа договори за лиценца со италијанските медиуми, со што се отвора патот за плаќање надоместоци за издавачите, согласно законот утврден со европска директива од пред две години,а што е слична на авторските права.
Овие договори ќе им овозможат на италијанските издавачи пристап до Google News Showcase, новата програма на пребарувачот што беше промовирана минатата година, со која на медиумите им се плаќа збогатен избор на содржини.
„Потпишани одделно, овие договори претставуваат важна пресвртница во односот на Гугл со италијанските издавачи, плаќајќи им на издавачите како дел од „Гугл Њуз Шоукејс““, се наведува во соопштението на компанијата.
„Google News ShowcaseГугл следните месеци ќе биде достапна во Италија“, се појаснува во соопштението.
„Овие договори претставуваат важен чекор и потврда на посветеноста на Google кон италијанските издавачи“, изјави Фабио Вакароно, извршен директор на италијанската подружница на компанијата.
Меѓу потписниците на договорот се RCS MediaGroup, Il Sole 24 Ore, групацијата Monrif, Caltagirone Editore, Il Fatto Quotidiano, Libero, Il Foglio, Il Giornale, Il Tempo, Ciaopeople, Edinet, групацијата Corriere, Citynews и Varese Web.
Содржината продолжува после огласот
„Плаќањето информации, вклучувајќи ги и правата поврзани со дистрибуција на дигитални содржини, се главните теми за кои се бори нашата издавачка група“, коментираше Џузепе Цербоне, раководител на водечкиот економски весник Il Sole 24 Ore.