Google ќе плати 2,6 милиони долари поради дискриминација при вработувања

Компанијата сопственик на најголемиот интернет пребарувач Google ќе исплати 2,6 милиони долари на вработени и азиски кандидати за позицијата инженер за да ги исплати тужбите за дискриминација во платите и при вработувањата, објави во понеденикот американското министерство за труд.

Од Google се согласиле 1,4 милиони долари заостанати плати и камати за 2.565 жени инженери поради дискриминации во платата, и уште 1,2 милиони за 1.757 пријавени жени и 1.219 азиски кандидати кои не се ангажирани на работните места инженери.

Разликите во платите кои се однесувале на жените на работните места софтверски инженери се откриени во текот на рутинска оцена на усогласеноста, се наведува во соопштението на американското министерство. Таква состојба е воочена во Маунтан Вју во Калифорнија, како и во Сиетл и Киркленд во сојузната држава Вашингтон.

Кандидатките и азиските кандидати за работа се доведени во неповолна позиција според различните стапки на вработување на работните места со софтверски инженери на локациите на Google во Сан Франциско и Санивејл во Калифорнија, како и во Киркленд, се додава во соопштението.

Интернетскиот гигант, исто така, од своите резерви ќе земе најмалку 1,25 милиони долари за да ги израмни платите за инженерите во меколку свои канцеларии во САД во следните пет години.

Од Google изјавија дека се задоволни што го решиле спорот кој се однесува на ревизиите правени во периодот од 2014 до 2017 година, во изјавата испоратениа до медиумите, меѓу кои и The Verge и TechCrunch.

„Веруваме дека ситеб и требало да бидат платени врз основа на работата којашто ја работат, а не врз основа на тоа кои се“, наведуваат од Google во соопштението и ветуваат дека ќе „вложуваме големи средства за нашите процеси на вработувања и компензацијата да бидат чесни и непристрасни“.