Ѓорческа со нов рекорден пласман на ВТА листата

Ѓорческа се закити со двојна круна на фјучрсот во Анталија

На најновото рангирање, Ѓорческа напредуваше 15 позиции, па сега е на 345-то место на ВТА. Овој скок најмногу се должи на одличниот настап во Хехинген, кој беше со награден фонд од 25.000 долари. Таа таму стигна до четвртфиналето и доживеа елиминација од првата носителка, Ромина Опранди од Швајцарија.

Втората македонска тенисерка на ВТА ранг листата, Магдалена Стоилковска се искачи едно место на новото рангирање, но сега е 1.231, далеку од најдобриот пласман – 1.203 место.