Зоран Заев е единствениот криминалец кој е два пати аболициран. Тој е единствениот политичар и во Европа и во светот со вакво досие. Аболицираниот Зоран Заев во политиката гледа засолниште и спас за криминалот. На тој начин смета дека е привилегиран во однос на останатите граѓани за кои важат законите. Катица Јанева знаеше дека има премногу докази кои ја потврдуваат вината на Заев и Верушевски. Затоа Катица Јанева одлучи да му помогне на својот штитеник и да го спаси од одговорност. Доколку и Заев и Верушевски и Јанева беа убедени дека злосторничкото здружение одговорно за “Пуч” е невино, ќе оставеа тоа да се докаже во судска постапка, вели Ѓорчев.
Тој вели дека вака СЈО наместо да го гони криминалот, одлучи да се стави во негова одбрана. и дека СЈО целосно се делегитимираше и покажа дека е непрофесионално, партизирано и политизирано.
-ВМРО-ДПМНЕ апелира Катица Јанева и другите послушници на Заев да не помислат да украдат, уништат или сокријат макар и еден доказ од предметот „Пуч“. Ќе има правда и ќе има мир кога криминалци како аболицираниот Заев ќе одговараат пред надлежните судови. Народот гласаше против деструктивната и криминална политика на Зоран Заев. СЈО само ја поништи основната причина заради која беше формирано, а тоа беше расчистување на скандалот со незаконски прибавените и монтирани телефонски разговори. Ќе дојде времето кога професионалци кои имаат капацитет и интегритет, ќе работат според Уставот и законите пред кои се заколнале и до крај ќе го процесуираат криминалот на Заев, истакна Ѓорчев.