Оваа прес-конференција ќе биде посветена на она што владата директно го презентираше, а се нарекува „Стратегија на интеграција на бегалци и странци во Република Македонија во периодот 2017-2027 година“. Тоа е подготвено од министерството за труд и социјална политика. Исто така министерството за труд и социјална политика подготви национален акциски план за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 година, истакна на денешната прес-конференција Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Ова се долгорочни стратешки документи и од нив произлегуваат голем број на прашања. Јас на почетокот ќе го кажам сумарниот, краткиот, збиениот дел од прес конференцијата, а после тоа ќе отидам и во оној содржински дел со повеќе детали со повеќе прашања.
Владата на Република Македонија и министерството за труд и социјална политика треба да одговорат зошто ја менуваат стратегијата на Република Македонија во делот на мигранти, бегалци и странци со која што Република Македонија од транзитна земја станува земја за траен престој на голем број луѓе на кои што ќе дојдат во Република Македонија. И со измените кои што ги предлага владата во својата стратегија со измените што ги предлага министерството за труд и социјална политика, тогаш ќе има олеснето доделено државјанство на овие лица, олеснето нивно сместување и изградба на цели станови, населби, згради, понатаму нивен олеснет пристап до градинки, училишта за сметка на граѓаните на Република Македонија како и засилено вработување, а сведоци сме дека вработувањата и тоа како им се потребни на граѓаните на Република Македонија.
Во Република Македонија, државата треба да им даде приоритет на граѓаните на Република Македонија, во делот на вработувањето, во делот на решавањето на станбеното прашање, во делот на кредитите, приоритетот треба да им се даде на граѓаните на Република Македонија. А стратегијата која што ни ја предлага новата влада и министерството за труд и социјална политика, целосно ги маргинализира граѓаните на Република Македонија. Целосно ги маргинализира, а им дава приоритет на лицата кои што тие сакаат да се фокусираат, а тоа се лицата кои што дошле во Република Македонија, мигрантите и останатите категории на лица.
Одиме по ред. Значи, во делот на акцискиот план за интеграција на бегалци и странци за следните 10 години, цитирам што вели акцискиот план: „Подобрен пристап за стекнување државјанство на лица под субседијарна заштита и признат статус на бегалец“.
Значи, подобрен пристап за стекнување на државјанство. За која бројка тука станува збор.
Понатаму вели мерка, цитирам: „Да се отстранат барањата за доставување на лични документи од земјата на потекло“. Значи, да одговорат дали тоа значи дека овие лица, мигранти, бегалци, оние кои што ќе аплицираат
за македонско државјанство, нема да треба да поднесуваат документација од земјата на потекло. Дали тоа носи ризик од лажно претставување, дали тоа носи безбедносен ризик.
На кој начин ќе бидат проверувани лицата кои што ќе аплицираат? Тука, надлежна институција е МВР, и, временската рамка која што е дадена е 2017 година. Значи тоа е во делот на нивната стратегија.
Понатаму, цитирам: „Да се олеснат процедурите за семејно обединување, како поддршка на процесот на интеграција“. Дали тоа значи, и колку ќе можат дополнително да дојдат на секое лице кое што ќе дојде во Република Македонија, по основ на семејно обединување. Дали тоа значи, дека ако една личност дојде во Македонија, врз основа на мерката семејно обединување, ќе може да дојдат 10, 15, 20 или 30 членови на неговото семејство.
Исто и тука, под заглавјето забрзан процес на интеграција, се предвидува како година 2017-та година, понатаму во делот Сектор вработување во 5-тата глава се вели: „Да се воспостават јасни критериуми за бегалците за да учествуваат во националните програми за вработување“. Што значи тоа, колку од овие лица ќе се вработат, колку од овие луѓе ќе се вработат и колку граѓани на Република Македонија нема да имаат можност за вработување, затоа што министерството за труд и социјала и владата ќе го стимулираат и поддржуваат вработувањето на овие лица кои што скоро дошле.
Понатаму, вели цитат: „Да се олесни пристапот за бегалците до можностите за вработување“, тоа е во 5-тиот дел односно во делот во кој што е во национален акциски план за интеграција на бегалци и странци за следните 10 години. Значи сите овие програми почнуваат 2017-та и 2018-та година.
Владата и министерството да одговорат на сите овие прашања. Исто така во делот на домување неколку цитати, цитат во делот на вдомување се вели: „Зголемени капацитети за инвестиции во социјални станови“.
Овие инвестиции треба да бидат наменети за ранливите категории во Република Македонија и за граѓаните на Република Македонија. Во еден дел во табелата во четвртата табела се вели цитат: „Да се идентификуваат и обезбедат парцели на државно земјиште на располагање за инвестирање во социални станови“.
Понатаму во делот на стратегијата на владата за мигранти бегалци и странци се вели достапни локации цитат: „Одлука на владата барем сто единици локации да станат достапни“.
Владата да одговори на кои места ќе бидат овие сто локации во кои што се планираат вакви колективни центри. Рокот е 2017-та година, а се вели дека проценетиот годишен буџет во евра, државниот придонес ќе биде сто проценти за оваа ставка.
Има и цела низа на други ставки. Значи прилично е детален и конкретен овој национален акциски план кои што го донесе и владата и кои што министерството за труд и социјална политика ни го нуди.
Во делот на стратегијата за интеграција на бегалци и странци, владата на Република Македонија треба да одговори на поголем број на прашања на крајот она што е став на ВМРО-ДПМНЕ тоа е следното.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека програмите на Република Македонија и ресурсите на Република Македонија треба да бидат првенствено насочени кон граѓаните на Република Македонија.
Приоритет во делот на домувањето поддршката за решавање на станбено прашање, во делот на вработувањето и во делот на социјалните услуги треба да имаат граѓаните на Република Македонија.
Република Македонија има многу ограничени ресурси, Македонија има покажано својата хуманост и Македонија нема неограничени ресурси со кои што ќе може да ги реализира овие големи, големи обврски кои што ги превзема Владата на Република Македонија, а кои што ако се реализираат ќе бидат на сметка на граѓаните на Република Македонија. Тоа е тоа кое што сакавме да го порачаме, што сакавме да го соопштиме.