Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев оствари средба со конгресмените Роберт Питинџер од Северна Каролина, Дејвид Адерхолт од Алабама и со конгресменот Дејв Трод од Мичиген.
На средбата Ѓорчев го истакнал значењето на стратешкото пријателство на Македонија со Соединетите Американски Држави, потпишано токму од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, тој исто така ја искажал и благодарноста до САД за поддршката за во НАТО. А освен тоа на средбата се зборувало и за долгогодишната соработка меѓу двете земји во одбраната и во делот на меѓународните мисии во кои учествуваше АРМ.
Пратеникот Ѓорчев ги информираше конгресмените од Стејт департментот за последните случувања поврзани со бројните притвори, затворања и упади во домови на пратеници од Собранието на Република Македонија, познати актери, музичари, административни работници и други службеници, кои се актуелни во Македонија.
По ова, конгресмените ја искажале својата загриженост од вооружените упади во домовите на пратениците во Собранието на Република Македонија и нагласија дека ќе ги следат состојбите во Македонија со зголемен интерес.
Инаку во наредниот период ќе продолжат контактите, соработката и комуникацијата со Стејт департментот во насока на одржување и продлабочување на стратешкото сојузништво меѓу САД и Македонија.