Ѓорчев: Зошто Заев и Царовска молчат за иселувањето, демографската рецесија и падот на наталитетот од невидени 20 проценти

Со жалење можеме да констатираме дека нема ниту еден единствен збор, ниту еден коментар, ниту еден одговор од страна на Зоран Заев, Стево Пендаровски и Мила Царовска во врска со демографската катастрофа од невидени размери која што се случува во моментов во Република Македонија, порача членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев.

Македонија умира, Македонија се празни. Македонија станува земја без народ. Во 2018-тата година според податоците на  Заводот за статистика во прелиминарните податоци ја имаме најлошата демографска година во историјата на Македонија откако има демографија, откако има статистика. Бројот на родените од 2016-та година кој што беше 23.002 падна на 21.666, тоа е пад од 6 проценти. Значи 2018-та со владата на Зоран Заев и Мила Царовска беше најлошата демографска година откако имам статистика во Македонија со рекордно, рекордно мал број на родени бебиња од само 21.666. На тие 21.666 родени бебиња во минатата 2018-та година се надодаваат уште полошите бројки за 2019-та година. Во јануари 2019-та година бројот на родени бебиња е повторно паднат за речиси 20 проценти во однос на претходната најлошата 2018-та година и бројот на бебиња е паднат од 1861 бебе минатата година во јануари, оваа година на само 1512 родени бебиња. Тоа е пад од 19 проценти, истакна тој.

Ѓорчев порача дека ова е буквално демографска катастрофа која што се случува пред очи, ваков пад од 20 проценти не е забележан никогаш во историјата.

Бројките се навистина загрижувачки, но она што боли, она што загрижува, она што покажува вонредна голема неодговорност е молкот на Зоран Заев, на Пендаровски и на Мила Царовска. Уште еднаш ќе речам, ако имаме рецесија во економијата од 1 или 2 проценти веднаш се свикуваат владини седници, ако имаме рецесија во било која област веднаш се свикуваат итни состаноци, овде имаме рецесија во бројот на родени бебиња, од минатата година до јануари оваа година од 20 проценти и никој ништо не прави. Тоа е катастрофална неодговорност, тоа е негрижа за државата и иднината на оваа земја. Проблемот е што Македонија се празни и луѓето си заминуваат како никогаш досега, си заминуваат и од Тетовско и од Гостиварско, и од Штипско и од Струмичко, си заминуваат и од Скопје, си заминуваат од Битолско од прилепско, буквално од секаде, бегаат од она што германските инвеститори го нарекоа нула, нула оценки за владините економии, она што Светска банка го нарече најнизок раст економски на Балканот и она што го гледаме секој ден со неправдите поврзани со епидемискиот непотизам. Навистина е загрижувачки што целата влада, сите 28 министри и премиерот Заев не кажуваат ништо за демографската катастрофа која што ни се случува. Рецесија од 20 проценти по бројот на родени од јануари минатата година до јануари оваа година навистина е невидена откако има статистика во Македонија. Слоганот „за живот во Македонија“ од парламентарните избори или за локаните за живот во Скопје, за живот во Битола, за живот во Прилеп, за живот во Штип, за живот во Тетово, се сведе на живот во Канада, живот во Германија, живот во Шведска, живот во Австрија. Македонија се иселува како никогаш, никогаш до сега ова се поразителни и загрижувачки бројки и за жал владата ништо не презема. Ги повикуваме да се соочат со овој проблем, ги повикуваме да состават тим,  ги повикуваме на мерки затоа што ваквите бројки се поразителни за сите нас, ги допираат и образовниот систем, ќе нема ученици, ќе нема здравствени осигуреници, ќе нема даночни обврзници, ќе нема луѓе по општините, буквално цели општини и региони исчезнуваат, порача Ѓорчев.