Крадци на чоколада упасени се двапати во ист ден во супермаркет на северот од Германија, пренесуваат локалните медиуми во саботата.
Маж и жени прво биле фатени во кражба во петокот попладнето во продавница во Нојштрелиц, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија на североистокот на Германија.
Вработен во продавницата успеал да ги фати на касата. Кога пристигнала полицијата, кај мажот пронашле скриени чоколада во вредност од 250 евра.
Двете жени успеале да побегнат, но само додека повторно не се појавиле во истата продавница по неколку часа и се обиделе да украдат овојпат уште повеќе чоколада. Неуспениште ограбувачки, на возраст од 30 и 44 години се приведени во полицијата.
Набрзо потоа полицајците пронашле чоколада и детска храна во вредност од 700 евра во автомобилот на крадците, во кој било и четвртото осомничено лице.
Ден претходно, крадците се обиделе да украдат слатки во спермаркет крај местото Пренцлау. Сите четворица осомничени се под истргата за групно ограбување.