Повеќе од илјада лица починаа како резултат на топлотниот бран што го погоди пакистанскиот град Карачи и покраината Синд.
Поголемиот број жртви се постари луѓе од сиромашни семејства од најголемиот пакистански град Карачи, каде температурата на воздухот во последните денови изнесуваше 45 степени Целзиусови.
Во борбата со екстремно високите температури учествува и армијата, која постави посебни центри за прва помош од горештините.
Повеќе од илјада луѓе се хоспитализирани, а некои од нив се во критична состојба.
Покрај горештините, жителите на Карачи, град со над 20.000 жители, имаат проблем и со честите прекини на електрична енергија, поради што во повеќе населби имаше протест.
Во Карачи во 1979 година е измерена највисока температура од 47 степени Целзиусови.