Низ кумановските јавни претпријатија и администрација овие денови доста се шпекулира дека ќе дојде Зоран Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ и ќе ве бркаат. Јавно давам збор сите луѓе кои се вработени во јавната адмнистрација, во јавните претпријатија доколку си ја работат чесно и професионално својата работа никој нема да дозволам да ги чепне. Па ВМРО-ДПМНЕ не е СДСМ. По тоа се разликуваме- по чесност, по искреност, по работа, истакна кандидатот за градоначалник на општина Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски на големиот митинг.
-Која е разликата помеѓу мене и мојот против-кандидат? Разликата е во довербата, таа не се стекнува со зборови, лажење, се стекнува со завршени дела. Најгорливиот проблем ќе биде решен. Проектот Куманово без кал, континуитано сите 4 години ќе се работи. Водовод до секое населено место и асфалтирање на сите улички во Куманово. Градот треба да види бенефит.
Ѓорѓиевски потенцираше дека нема да нема да бидат заборавени ниту стопанственици.
-Куманово од најиндустриска општина стана град со најголем број на невработени. Ако еден градоначалник нема работа со која ќе го одбележи своето постоење, не треба ни да се кандидира. Бидејќи сме најзагадена општина, најавуваме изградба на нови паркови и зелени површини. Ќе стимулираме и изградба на семејно станбени згради надвор од централното градско подрачје и на тој начин ќе се намали сообраќајниот метеж.
Подземји контејнери за отпад, јавни тоалети во централнот градско подрачје, трим патеки, се само дел од проектите кои ги најави и вети Ѓорѓиевски.
-Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата што ветуваат тоа и реализираат, знаат и кој работи за подобро утро, за Куманово.