
Денеска сум во посета на Демир Капија, напуштен крај, млади се помалку, повозрасните жалат за младоста, жалат за децата кои ја напуштаат родната грутка и заминуваат далеку од огништето, напиша Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук.
Баба Велика, повозрасна жена на осумдесетина години, вели синко, младите ни отидоа, држава без млади нема, мора да ги вратите, овие се распродадоа, се уништија, кај во транзицијата испокрадоа се, па сега и државата ја продадоа. И велам не се секирај мајчице стара, тука сме за да свртиме нов лист. Да покажеме дека политичарите треба да му служат на народот, а не обратно. Од Македонија ќе направиме достојно место за живеење. Од претседателските избори започнуваме. Да излеземе и да и дадеме шанса на правдата. Да и дадеме шанса на Македонија.