Три пожарникарски екипи во четвртокот ноќта се ангажирани на гаснењето пожат кој зафатил куќа во центарот на Куманово, лоцирана на крак од улицата „Гоце Делчев“.
Три екипи на противпижарната единица се обидуваат да го локализираат пожарот, а покрај куќата зафатен е и еден стан од зграда која се наоѓа во близина, информираа од ТППЕ Куманово.
Три екипи на противпожарната единица се уште се на терен, информираше комаднирот на ТППЕ, Дејан Илиевски.
Во пожарот нема повредени лица. Пожарот во ТППЕ Куманово е пријавен во 20,30 часот.