![pozar-5-640x418](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/10/pozar-5-640x418.jpg?resize=640%2C418&ssl=1)
Гори нискостеблеста шума меѓу кавадаречките села Раец и Фариш. Според информациите добиени од командирот на Територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, зафатена е површина од околу три хектари.
– На терен интервенираме заедно со подружницата на “Македонски шуми“, со по едно противпожарно возило и со по четворица пожарникари. На помош ни дојдоа и ловџии од селото Ваташа, истакна Богевски.